Tuesday, December 20, 2011

Иван




А ова е Иван после 9 месеци АБР, Октомври 2010



Иван , Септември 2011


Ова е Иван пред АБР


А ова е после 9 месеци АБР, Октомври 2010

Иван , декември 2011



Останатите постови и клипови за Иван :

http://abrmakedonija.blogspot.com/2010/09/9.html


Иван после 5 месеци АБР :

http://abrmakedonija.blogspot.com/2010/06/abr-ivan.html

http://abrmakedonija.blogspot.com/2010/07/blog-post.html

Monday, November 28, 2011

Ана - октомври 2011

Октомври2010
На прв поглед на оваа слика ништо не и фали, можеби нешто е малку чудно. но горе долу се е нормално. Е сега погледнте ја следната слика .На првата слика , движењето оди со влечење на лопатката на горе, вратот потонува во градниот кош, раката се дига многу повеќе од нормално, имаме хипер мобилност, која не е нормална. На следната слика, октомври2011, имаме значително намалување на атаа хипер мобиолност, вратот не потонува во градниот кош, стабилизација на лопатката. Веќе движењето се во голема мера се случува таму каде што треба , односно во рамениот зглоб. Имаме сеуште работа на овие делови, но сепак разликата од окт 2010 до сега е значителна.



Октомври2011


Седење Октомври 2010 
 
На овие слики, Ана седи со потпора. 
Крис ја држи за двете раце, седи и се смее, 
потоа ја држи за една рака за лакотот, 
сеуште се 
чувствува сигурна,се одржува во положбата 
и се смее,
на трета слика  Крис ја спушта    подолу раката, 
накај шаката Ана одвај  се одржува ,
веќе насмевката
полека исчезнува, почнува да     

се чувствува несигурна, и со минимално 
намалување на потпората, спуштање малку 
подолу
накај шаката , Ана веќе паѓа.
 



Октомври 2011



 Ана седи многу подобро од октомври 2010, главата е далеку постабилна,ја движи независно од останатиот дел од телото, нозете не се раширени во седечка положба, (нормално е кога седиме на раб на кревет нозете да се прибрани ,а не раширени) и потребна и е помала потпора за да се одржи во седечка положба. 

Декември 2009



Вратот е многу краток, скоро и да го нема. Кога главата се врти на страна брадата во рамото.

Октомври2011

Вратот е издолжен, зајакнат, и кога главата се врти на страна веке се појавува простор меѓу брадата и рамото.














Еве како изгледа врат на една нормална телесна структура.




Долгорочно, целта е и Ана да добие ваков врат.
Нормална структура дава нормална функција. Секое отстапување во структурата на телото дава ограничувања во функциите.

Како резултат на зајакнувањето на структурата Ана може да се одржи во седечка положба на под со нозете свиткани во колената и раширени. За оваа положба , без АБР  можевме само да мечтаеме. Пред нас претстои уште многу работа , но како и да е, охрабрува фактот што зад нас засекогаш  останаа многу проблеми.
Нашата АБР приказна почна од тука,

После две и пол години интензивна физикална терапија, аминокиселини, бионергии, бајачки,алги, омеги, акупресура и веќе заборавив што уште беше, после сиот вложен труд , парите башка, Ана беше дете без апсолутно никаква независна подвижност на еден дел од телото во однос на друг. Невозможно беше да се постави во седечка положба, секоја реакција беше блок реакција, Ана реагираше со цело тело како да е клада. 

После 22 месеци АБР, само АБР и единствено АБР Ана е друго дете.








Одиме понатаму, долгиот пат е еден чекор пократок.